Александар Николоски е роден во Охрид. Дипломира на политички науки на Правниот Факултет на Јустинијан Први во Скопје, а во моментот го подготвува и магистерскиот труд во областа на применетата политика.
Николоски е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во повеќе мандати.
Николоски е претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во период од 2004 до 2008 година. Во период од 2004 до 2013 е член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на оваа функција повторно е избран во 2017 година.
Николоски во 2009 година станува член на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, а во 2014 година е избран за прв потпретседател на Мониторинг комитетот при Советот на Европа.
Тој е именуван за меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ во 2015 година. На последните предвремени парламентарни избори 2020 година, Николоски е избран за носител на Изборната единица 4