Духовните вредности, длабоко втемелени во македонската вековна историја и традиција, ВМРО-ДПМНЕ ги промовира во 21 век. Потпирајќи се врз концептот на политичкиот конзервативизам, ВМРО-ДПМНЕ поседува интелектуален и морален капацитет да одговори на потребите на обичниот човек.
Чекорите што ги прави ВМРО-ДПМНЕ значат крај на петнаесетте години транзиција. На патот кон пристојноста и достоинството, ВМРО-ДПМНЕ се потпира врз вредносен компас препознатлив по личната чест и посветеноста, кои ги обединуваат мислата, зборот и делото. Економскиот раст, отворањето нови работни места и намалувањето на сиромаштијата се приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ.
Економската преродба не може да го запостави прашањето
на вредностите и на моралот. Економскиот раст и намалувањето на невработеноста, својата вистинска смисла ја добиваат единствено ако се етички втемелени, ако се потпираат на главните вредности: слободата и достоинството на човекот.
На Македонија и претстои време што бара енергичност и заеднички напори. Предизвиците подразбираат посветеност и одговорност. Поаѓаме од главното и најстарото барање во политиката – да се има добар живот во заедницата. Тоа значи да се имаат сите оние предуслови што го прават животот подобар, но тоа вклучува и грижа за опстанокот на заедницата, за околината и за иднината.
ВМРО-ДПМНЕ е јадро околу кое се ориентира мнозинството на граѓаните на Македонија. Вредностите врз кои се темелат програмата и политиките на ВМРО-ДПМНЕ се вредности на реалниот човек. Тие не се нови вредности на неостварливи илузии и лажни ветувања. Вредностите на ВМРО-ДПМНЕ не му се наметнуваат на човекот и во тоа се разликуваме од сите тоталитарни и утопистички идеолошки проекти, како што беа комунизмот и фашизмот.
Конзервативизмот на ВМРО-ДПМНЕ се надоврзува на борбата за слобода и за национална самостојност водена од изворната ВМРО, како и на идеите на европската народна и демохристијанска традиција. Поимот конзервативизам, првпат политички употребен во Француската револуција, значи политика што ја брани и ја чува вредноста на слободата. Токму ВМРО-ДПМНЕ е партија која ја брани вредноста на слободата како наследство на историското ВМРО, и ги слави борбата за слобода на македонскиот народ и стекнатата слобода на независна и самостојна држава, Македонија. Наша основна грижа е да ги чуваме вистинските принципи на слободата.
Човекот кому му се обраќаме е реален човек, кој сака достоинствен живот за себе, за своето семејство, и за својата земја, како и услови во кои ќе може да работи, да создава и да дише со полни гради.
Реалниот човек е активен, дејствувачки поединец. Слободата да се дејствува значи слобода на мислење и здружување. Активноста на поединецот се огледува во слободата да мисли и да се изразува, да може слободно да се движи, да се здружува, да работи и стопанисува. Слободата значи и слобода на претприемништво и слобода на пазар. Но, нема активен поединец ако тој нема чувство на припадност. Ако му се одземе на поединецот правото на национална или етничка припадност, тогаш му се одзема и правото на дејствување и на слобода.
Конзервативизмот, кој се темели на традиција и припадност, најмногу се вознемирува од очајот на поединецот што не го знае своето место во општеството и во светот. Поединецот има подлога во традицијата, во државната, националната, и во групната припадност. Конзервативизмот е од другата страна на невтемелениот цинизам, кој вели „јас си припаѓам само себеси“ и од другата страна на „наивниот, романтичен космополитизам“ кој вели „јас му припаѓам само на светот“, односно не припаѓам никаде. Поединецот не е осамен и изолиран. Тој е дел од семејството и заедницата.
Нашата најширока заедница е Европа. ВМРО-ДПМНЕ ја гледа Република Македонија не само духовно и културно сплотена во заедницата на европските народи, туку и институционално и економско-политички интегрирана во Европската унија. Брзината на европското интегрирање е израз на сериозноста и одлучноста на државата, на сите политички партии и други политички чинители во Македонија. Европа е цел и предизвик за чекорење напред.