Адвокат Тони Менкиноски
Претседател на Комисија за правни работи, политички систем и антикорупција
д-р Мишо Николов
Претседател на комисија за финансии и монетарни прашања
Мишо Николов е роден на 22.03.1978 година во Скопје, Република Македонија. Завршил Економски факултет на УниверзитетотСв.” Кирил и Методиј” во Скопје.
Пост-дипломски студии на ниво на Магистер на науки по економија завршува на Универзитетот Тексас А&M, во САД, како стипендист на американската Влада.
Докторирал на Универзитетот Св. Кирил и Методиј” во Скопје во област на Јавни Финансии. Работното искуство го започнува во Он-нет интернет провајдер како маркетинг менаџер. Во Министерството за финансии на Република Македонија, во Секторот за макро економска политика работи шест години.
Во периодот 2009-2014 година, Николов е Извршен директор на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје, а од февруари 2014 година работиво отсекот за сметководствово претпријатието за депонирање отпад – Дрисла ДОО.
Учествувал на бројни конференции и семинари, а објавил и голем број трудови во областа на јавните финансии.

Претседател на Комисија за Економија, Инвестиции и Туризам
д-р Христина Рунчева Тасев
Претседател на Комисија за надворешни работи и евроатлански интеграции
Доц. д-р Синиша Стојаноски
Претседател на Комисија за здравство
Доц. д-р Синиша Стојаноски е роден на 31.3.1978 година. Средно образование завршил во Скопје, 1996 год. Со високо образование се стекнал на Медицинскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.
Дипломирал 2002 година, како најдобар студент на генерацијата, со просечен успех 9,8. Во 2006/07 год. се запишал на втор циклус (магистерски) студии на Медицинскиот факултет во Скопје.
Студиите ги завршил 2008 година, со просечен успех 10,00. На 30.06.2011 година го одбранил магистерскиот труд. Докторска дисертација пријавил 2014 година, а ја одбранил 2017 година.
Со тоа се стекнал со научниот степен доктор на науки од научната област нуклеарна медицина. Во моментот е доцент на Медицинскиот факултет на катедрите по Патолошка физиологија и Нуклеарна медицина. Активно се служи со англиски, германски, шпански и италијански јазик.
Проф д-р Весна Јаневска
Претседател на Комисија за образование и наука
Проф д-р Весна Јаневска е родена на 27.06.1958 година во Скопје, Република Македонија. Завршила Медицински факултет на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје 1983 година, специјализирала патологија 1990 год., а докторирала во областа на мускулоскелетната патологија 1999 година. Асистент на Катедрата по патологија станала 1990 година, а во звањето редовен професор на истата катедра е избрана 2010 година.
Д-р Весна Јаневска работела во “Болницата за душевни болести“ во Демир Хисар и Медицински центар “Др. Трифун Пановски“ во Битола и била пратеник во Собранието на Република Македонија. Во моментот д-р Весна Јаневска работи како специјалист патолог, со звање редовен професор, на Институтот за патологија, при Медицинскиот факултет во Скопје, каде што е вработена 1990 година.
Таа е учесник на бројни конгреси, семинари, курсеви и ворк шопови во земјата и странство и е автор на бројни стручни и научни трудови објавени во домашни и странски часописи.
м-р Елена Маркова Велинова,
Претседател на Комисија за енергетика
Елена Маркова Велинова е дипломиран електротехнички инженер, насока електроенергетика и магистер по електротехника, со специјалност електроенергетски системи.
Студиите ги завршува со просечен успех 9,54. Досега има објавено повеќе од 20 научни и стручни трудови во земјата и странство. По дипломирањето работела во ЕТУЦ „Михајло Пупин“ Скопје (1991‒1998); АД ЕСМ-Електродистрибуција Скопје (1998‒2009); Државен инспекторат затехничка инспекција (2009‒2011);Регулаторна комисија за енергетика (2011‒2017). Од 2017 година работи во Министерство за економија. Член е на ВМРО-ДПМНЕ од 1998 година, а во 2009 била и член на централната комисија за енергетика.
Поседува овластувања за проектирање, надзор, ревизија и изведба на електроенергетски објекти од А категорија, како и лиценца за државен електроенергетски инспектор.Во 2011 година била именувана за член на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, како експерт за енергетика, од страна на Собранието на Република Македонија.
Во 2014 година се здобива со сертификат за меѓународен експерт за регулирање на цени на енергенси, издаден од регионалната асоцијација на регулатори (ЕРРА) со седиште во Будимпешта. Маркова Велинова поседува ИЕЛТС сертификат за познавање на англиски јазик, а зборува и германски јазик.
Проф. д-р Лазар Јовевски
Претседател на Комисија за труд и социјална политика
Дипл.Зем.Инг. Цветан Трипуновски
Претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство
Цветан Трипуновски е роден 18.09.1980 година во Скопје. По професија е дипломиран земјоделски инженер. Трипуновски е член од 1998 година. Во период од 2003 до 2007 година ја извршува функцијата претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Петровец.
Во периодот од 2007 до 2017 е потсекретар на партијата за изборните единици 3 и 4. Од 2009 година до денес е член на Републичката комисија за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ. Од 2006 до 2008 е директор на Државната фитосанитарна лабораторија.
Во периодот од 2008 до 2011 е пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2015 година Трипуновски е именуван за директор на Инспекторатот за земјоделие, функција која ја извршува до 2017 година. Во 2017 година е избран за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
На последните локални избори Трипуновски е избран за претседател на Советот на Општина Петровец. Трипуновски е назначен и за претседател на Републичката комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.
Синиша Ивановски
Претседател на Комисија за инфраструктура транспорт и градежништво
Роден 07 Јуни 1982, Скопје
Магистер по менаџмент во организација (Јустинијан Први во соработка со ЕУ, Темпус програма)
Директор на ЈП Улици и Патишта 2010 – 2017
Член на Совет на МРТВ 2010 – 2011
проф. д-р. Орце Симов
Претседател на Комисија за информатично општество, телекомуникации и аудиовизуелни услуги
м-р. Невенка Стаменковска Стојковски
Претседател на Kомисија за администрација
Марјан Ристески
Претседател на Комисија за локална самоуправа
Зоран Љутков
Претседател на Kомисија за култура
Влатко Неделковски
Претседател на Комисија за спорт
Даниела Симоновска
Претседател на Комисија за односи со невладини организации
Даниела Симоновска во 2012 година е избрана за Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ на МК Крсте Мисирков и член на УМС на ВМРО-ДПМНЕ при ОК Гази Баба.
Во 2013 е претседател на КИМ, член на општинската Комисија за односи со јавност, а истата година, како и 2014 и 2016 е член на Општинскиот изборен штаб во Гази Баба каде е координатор на повеќе акции. Во 2014 година е избрана за Претседател на Централната Комисија за Човечки ресурси при УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2013 година е член на ОК Гази Баба, а во 2015 година е избрана за Секретар на ОК Гази Баба.
На парламентарните избори во 2014 година е кандидат за пратеник, а на локалните избори во 2017 година е кандидат за советник. Симоновска во 2014 година е Делегат на Конвенцијата за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на РМ, во 2015 година е Делегат на редовниот 15-ти Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ и во 2017 година е Делегат на вонредниот 16-ти Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.
Во 2017 година е избрана за член на Централната комисија за труд и социјална политика, а во 2018 година е избрана за Потсекретар на ИК на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ.
Симоновска е дипломиран политиколог отсек меѓународни односи и дипломатија каде по дипломирањето најпрво волонтира во Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија, а потоа се вработува во Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија каде што се уште е во работен однос.
Таа има искуство и како член на училишен одбор во основно училиште и член на надзорен одбор во детска градинка. Даниела има посетено повеќе меѓународни обуки и семинари. Симоновска на 26.7.2019 година е избрана за Претседател на Комисијата за односи со невладини организации на ВМРО-ДПМНЕ.