МИТКО ЈАНЧЕВ
Градоначалник на општина Кавадарци
www.kavadarci.gov.mk | Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. | +389 43 416 130
Кратка биографија
Митко Јанчев е роден на 01.11.1981 година. Сопруг на Веселка и татко на три деца: Никола, Стојанче и Мила. Митко Јанчев е дипломиран инженер-геолог на Универзитетот „Гоце Делчев” Штип, а Магистерските студии на истиот ги завршува во отсекот на техничките науки, петрологија, минералогија и геохемија.
Во 2017 година е избран за кандидат за Градоначалник на Општина Кавадарци од ВМРО – ДПМНЕ. Победува во вториот круг од изборите. Неговата најголема амбивија е Кавадарци да стане убаво место за живеење со изграден систем на работа кој ќе трае во иднина. Оваа негова амбиција ја прифатија и граѓаните и доби огромна поддршка.
За овие избори Јанчев кажа: „Ја водев најтешката битка во мојот живот.“