Одлука за основање на младинската организација донесува конгресот на партијата.
Името на младинската организација е Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ (во натамошниот текст: УМС).
УМС делува врз основа на политичките насоки определени од Програмата, Статутот на партијата и Деловникот за организациона поставеност и работа на органите на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Деловникот за организациона поставеност и работа на органите на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ го усвојува ИК на ВМРО-ДПМНЕ на иницијатива на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.