Историјат

 2020-та година ВМРО-ДПМНЕ го поддржа протоколот за влез во НАТО алијансата, а претседателот проф.д-р Христијан Мицкоски тоа го нарече остварување на вековниот стремеж на многу генерации македонци, акцентирајќи дека борбата продолжува.

2020- та година започна со функција техничката влада за спроведување на предвремените парламентарни избори, а ВМРО-ДПМНЕ влезе како фаворит на анкетите во тие избори. Истите се откажаа поради пандемијата со Корона вирусот.

2019-та година ВМРО-ДПМНЕ гласаше против уставните измени за промена на уставното име Република Македонија.
 
2019- та година Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ е примена за членка на Организацијата на жени на Европската народна партија (EPP Women) на Конгресот кој се одржа во Виена.
 
2019 - та година се одржаа Претседателски избори на кои кандидат за Претседател на ВМРО-ДПМНЕ беше проф.д-р Гордана Силјановска Давкова. ВМРО-ДПМНЕ на тие избори освои најголем број на гласови во поголемите градски општини во Република Македонија. На ниво на државата коалицијата СДСМ и ДУИ во вториот круг освои поголем број на гласови.
 
2019- та година ВМРО-ДПМНЕ издејствува техничка влада и предвремени парламентарни избори кои требаше да се одржат наредната година.

2018
2 јуни – ВМРО-ДПМНЕ организираше голем народен протест против лошите политики на власта и коцкањето со  државните и национални интереси на државата.

2017
22 и 23 декември – Одржан е Седумнаесетти Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово . Конгресот беше вонреден заради оставката на дотогашниот претседател Никола Груевски и изборот за нов претседател на партијата. Единствен кандидат беше дотогашниот  Генерален Секретар Христијан Мицкоски, кој ја доби довербата од мнозинството делегати на конгресот и стана третиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ.  После конгресот избрано беше и ново раководство на партијата.

28  ноември – Продолжува политичкиот прогон против ВМРО-ДПМНЕ. Уапсени се 5 пратеници на партијата и истакнати партиски функционери. Покрај нив уапсени се и бројни истакнати граѓани од секојдневниот живот. Поради тоа ВМРО-ДПМНЕ започна со протести пред Основниот Суд во Скопје и Министерството за Правда.

31 мај – После 10 години на власт ВМРО-ДПМНЕ иако победник на изборите беше принудена да  премине во опозиција.

15 октомври – Шести Локални избори во Република Македонија. Изборите се одржале во крајно недемократска атмосфера со разни притисоци и закани и бројни нерегуларности.  Во такви услови ВМРО-ДОМНЕ доби само 5 градоначалнички места и не ги призна изборите. А одговорноста за изборниот пораз ја понесе претседателот на партијата Никола Груевски кој поднесе оставка од претседателското место.

2016
11 декември – Деветти Парламентарни избори во Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови и доби 51 пратеник. Изборите покажаа дека ВМРО-ДПМНЕ ја има поддршката од народот и покрај долгата криза. Преговорите за идна влада течеа со тешкотии, албанските партии ја потпишаа т.н.  Тиранска платформа а нејзиното прифаќање беше услов за формирање влада. ВМРО-ДПМНЕ не сакаше да формира влада по секоја цена и не ја прифати Тиранската платформа.

18 јануари – Согласно договорот од Пржино, Емил Димитриев станува технички премиер и го замени Никола Груевски. Изборите иако договорени за 24 април беа два пати одлагани се до 11 декември.

2015
2 јуни  – После длабока политичка криза креирана од опозицијата и секојдневни протести е постигна т.н. Пржински договор според кој опозицијата да се врати во Собрание, а техничка влада да ги спроведе наредните предвремени парламентарни избори. Се формира и Специјалното јавно обвинителство кое наместо да биде професионална институција почна со политички прогон на ВМРО-ДПМНЕ.

18 мај – Во екот на политичката криза,  ВМРО-ДПМНЕ  организираше голем народен митинг  пред Собранието на Република Македонија на кој близу 90.000 луѓе дадоа јасна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и беше потврда дека граѓаните се со партијата.

2 и 3 мај – Одржан е Петнаесеттиот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово. На Конгресот кој се водеше под мотото „Силна Македонија“ делегатите по четврти пат му ја дадоа довербата на Никола Груевски за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

2014
13  и 27 април – Осми Парламентарни избори и Петти Претседателски избори во  Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ повторно извојува победа и освои 61 пратеничко место додека на претседателските избори за Претседател на Република Македонија повторно беше избран кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов.  На овие избори ВМРО-ДПМНЕ доби 481,615 гласови што претставува најголема бројка во историјата на партијата.  Опозицијата предводена од СДСМ не ги призна изборите и тогаш почнува длабока политичка криза во Република Македонија.

2013
24 март и 7 април – Петти Локални избори во Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи на овие избори и освои 58 градоначалнички места.

2012
5 јуни – Седми парламентарни избори и втори предвремени. На изборите за првпат гласаше дијаспората. ВМРО-ДПМНЕ победи во сите 9 изборни единици и освои 56 пратенички места. Никола Груевски го продолжи мандатот како премиер на Република Македонија. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ започна силен тренд на носење странски инвестиции во Македонија и значително да ја намалува невработеноста во државата.

5 и 6 март – Одржан е Четиринаесетти Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, под мотото „Вистината секогаш победува“. Никола Груевски повторно ја добива довербата од делегатите и резибран е за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

2011
22 март и 5 април – Четврти Локални избори и Четврти Претседателски избори во Република Македонија. На локалните избори ВМРО-ДПМНЕ освои 56 градоначалнички места и за прв пат кандидат на ВМРО-ДПМНЕ победи во Град Скопје. На претседателските избори победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов со тоа партијата за пат партијата ја имаше целосната власт на локално и централно ниво.

2009
1 јуни – Шести парламентарни избори во Република Македонија и први предвремени. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ освои повеќе од половината пратенички места, односно 63 мандати. Големата победа беше резултат на успешната работа на владата во изминатите 2 години. Никола Груевски беше реизбран за премиер на Република Македонија.

2008
17 и 18 март – Одржан е Тринаесеттиот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Штип. Никола Груевски е реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Промовиран беше и новиот слоган на партијата „Обединети кон целта – Нови идеи, Нови стандарди, Нови победи“.

2007
5 јули – Петти Парламентарни избори во Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ за прв пат излезе со конкретна програма „Преродба во 100 чекори“ со што ги постави стандардите за сите политички партии и избори. ВМРО-ДПМНЕ заедно со Коалицијата „За подобра Македонија“ победи на изборите со освоени 45 мандати и повторно ја формираше Владата на Република Македонија заедно со ДПА и НСДП. За премиер беше избран Никола Груевски. Тоа беше и  најмладата влада во Европа.

2006
13 и 27 март – Трети локални избори во Република Македонија. И покрај бројните притисоци и нерегуларности ВМРО-ДПМНЕ успеа да освои 21 градоначалничко место. Во градот Скопје ВМРО-ДПМНЕ го поддржа независниот кандидат Трифун Костовски и за прв пат победи во главниот град на Македонија.

2005
7 ноември – Референдум против новата територијална поделба. ВМРО-ДПМНЕ застана зад иницијативата за референдумот. Иако референдумот не беше успешен, тој беше добар момент и пресврт за ВМРО-ДПМНЕ. Целата кампања се покажа како добра подготовка за следните избори, а партијата почна да добива се поголема поддршка.

2004
4 јули – поделба во ВМРО-ДПМНЕ. Приврзаниците на Љубчо Георгиевски ја формирале ВМРО – Народна Партија. Подоцна им се приклучува Георгиевски. Подоцна се испоставува дека голем дел од нив добивале лажни информации или закани и во наредниот период се враќаат во ВМРО-ДПМНЕ.

14 мај – Ескалација на внатрепартиските несогласувања. Раздор во ИК и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, помеѓу приврзаниците на Никола Груевски и Љубчо Георгиевски. На седницата на Централниот Комитет во хотелот Панорама приврзаниците на Љубчо Георгиевски и Љубе Бошковски во обид насилно да ја прекинат и растурат седницата. Седницата била прекината и истата за неколку денови продолжена во хотелот Холидеј Ин. На гласањето Никола Груевски ја добил поддршката од мнозинството членови на Централниот Комитет.

14 и 28 април –  Трети претседателски избори во Република Македонија. Изборите беа предвремени поради загинувањето на дотогашниот претседател Борис  Трајковски. Изборите за ВМРО-ДПМНЕ се одржуваа во тешка атмосфера заради обидите за опструкции од страна на претходниот претседател Љубчо Георгиевски и неговото крило. На изборите кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Кедев загуби од против кандидатот и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски. За ВМРО-ДПМНЕ заради изборен фалсификат изборите не беа легитимни.

2003
24 и 25 мај – Се одржува Дванаесетти Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид. На Конгресот се бира нов претседател на партијата. На изборите за нов претседател Никола Груевски освоил повеќе гласови од противкандидатот Марјан Ѓорчев и станал втор претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа започнала новата ера во делувањето на партијата. Промените не им се допаднале на Љубчо Георгиевски и луѓето кои биле влијателни додека тој беше претседател. Во следниот период следеле обиди за минирање на работата на Никола Груевски и обиди за негова смена, со што почнал период на поделба на партијата. Доста Димовска и Марјан Ѓорчев формирале фракција во партијата.

2002
15 септември – Четврти Парламентарни избори. ВМРО-ДПМНЕ со 33 освоени мандати ги загуби изборите и повторно замина во опозиција. Следи тежок период за партијата, одговорноста ја превел Љубчо Георгиевски кој ја најавил својата оставка.

2001
13 мај – Заради вооружениот конфликт во Република Македонија и негова разрешница, ВМРО-ДПМНЕ ја формира т.н. Влада на широка коалиција заедно со СДСМ. На 22 ноември СДСМ ја напушта владата.

2000
10 септември – Втори Локални избори во Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ беше победник на изборите со освоени 59 градоначалнички места.

1999
29 и 30 мај – 14 ноември и 5 декември – Втори претседателски избори во Република Македонија. На изборите победува кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Борис Трајковски

29 и 30 мај – Одржан е Единаесеттиот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица. На Конгресот се прошируваат надлежностите на претседателот, а се намалуваат на Генералниот Секретар. За претседател повторно реизбран е Љубчо Георгиевски.

1998
1998 – 18 октомври и 1 ноември – Трети парламентарни избори. ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите со 49 добиени мандати. Формираше влада коалицирајќи со Демократска Алтернатива и Демократската партија на Албанците. За премиер на новата влада на Република Македонија беше избран Љубчо Георгиевски.

1997
14 до 17 јануари –  студентски протести, под  мотото „За заштита на Уставот“. Видни членови од  УМС ги водат протестите. Истите ќе ги најават промените во македонската политичка сцена и доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт.

30 август – Ескалација на  внатрешен судир помеѓу потпретседателката Доста Димовска и Генералниот Секретар Борис Змејковски. Покренато барање за отповикување на седницата на Централниот Комитет.  Заради разрешуваше на целата ситуација целиот ИК поднесува оставка, а подоцна, Љубчо Георгиевски го разрешува  и ИК на Унијата на Млади Сили. Избран е нов ИК.

мај – Формирана е Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

 

1996
17 ноември – Први Локални избори во независна Македонија. Коалицијата предводена од  ВМРО-ДПМНЕ доби 30 градоначалнички места

1995
6 и 7 мај – Се одржува Десеттиот  Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево. На овој Конгрес партијата се повикува на историскиот континуитет на историското ВМРО и се одлучува дека ги продолжува конгресите.  Донесен е нов статут на партијата и нова организациона поставеност. За претседател повторно е реизбран Љубчо Георгиевски.

1994
19 октомври – Одржан е масовен протест на ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот Македонија во Скопје поради изборниот фалсификат.

16 октомври –  Први претседателски избори и први парламентарни избори во Македонија после независноста. На претседателските избори кандидат на ВМРО-ДПМНЕ беше Љубиша Георгиевски кој загуби од против кандидатот Киро Глигоров. ВМРО-ДПМНЕ сметаше дека изборите беа фалсификувани на најдрзок начин што преставува срам за демократијата и побара поништување и нови избори. Поради тоа го бојкотираше вториот круг на парламентарните избори на 30 октомври.  До 1998 година ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во работата на Собранието.

1991
6 декември – ВМРО-ДПМНЕ преминува во опозиција

6 и 7 април – Прв  Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, одржан во Прилеп. ИО преминува во ИК. За претседател реизбран е Љубчо Георгиевски, додека Драган Богдановски е избран за почесен претседател.  Мотото на Конгресот било „Самостојна и независна Македонија – Воскреснување на идејата за самостојност“. На Конгресот донесена е и одлука за формирање на Унијата на Млади Сили. Воедно ВМРО-ДПМНЕ стана првата партија во Република Македонија која се залагање за влез на Република Македонија во ЕУ и НАТО.

20 март  –  ВМРО-ДПМНЕ учествува во формирањето на првата Влада која по својот карактер беше техничка и експертска,  а за премиер беше избран Никола Кљусев

1990
11 и 25 ноември  Први парламентарни повеќепартиски избори во СР Македонија.  После вториот круг  ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови и најмногу мандати – 38 од 120.

17 јуни Основачко Собрание на ВМРО-ДПМНЕ во Дом на млади „25 Мај“ во Скопје. Избрано било привремено раководство на партијата, Иницијативен Одбор и Централен и Управен Одбор.

31 мај и 1 и 2 јуни – 1990

Средба во Минхен за основање на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација – Демократска Партија за Македонско Национално Единство (ВМРО-ДПМНЕ). 
На средбата присуствувале Драган Богдановски, Гојко Јаковлески, Борис Змејковски, Љубчо Георгиевски и Владо Транталовски. За лидер бил избран  Љубчо Георгиевски.