Политика на приватност

Овој документ служи како детално објаснување и информирање за тоа како vmro-dpmne.org.mk или Центарот за комуникација на ВМРО-ДПМНЕ ги користат личните податоци или информации кои ги собираме кога вие ги посетувате сервисите на vmro-dpmne.org.mk како и некои од процедурите кои ги преземаме за да ги заштитиме тие податоци.

Примарната цел заради која собираме лични информации е да овозможиме подобри услуги и содржини. Информациите кои ги собираме ни овозможуваат детално да ги анализираме движењата на нашите посетители, да вршиме внатрешно следење на порталот и статистички да пристапиме кон решавање на проблемите и подобрување на нашите услуги.

Ние собираме лични информации кои најчесто вклучуваат ваше име и презиме, ИП (интернет протокол) адреса, и-мејл адреса, детали за интернет прелистувачот кој го користите, компјутерот, временската зона и јазикот кои автоматски се складираат од страна на серверот во нашите статистички бази. Исто така, собираме и информации кои доброволно се испратени од ваша страна.
При вашата посета на vmro-dpmne.org.mk, мал фајл со дата е складиран во вашиот компјутер наречен “колаче” (англиски: cookie), кој овозможува пристап до некои од услугите и им помага на нашите веб администратори да ја контролираат и анализираат посетеноста и активноста на овој сајт и да објавуваат подобри содржини.
Vmro-dpmne.org.mk може да користи и некои други технологии кои ќе овозможат подобрување на вашите он-лајн искуства и кои автоматски може да ги зачуваат времињата кога го имате посетено сајтот и кои делови од истиот ги имате посетено.

Vmro-dpmne.org.mk на најдобар можен начин ќе се обиде да ги заштити вашите лични информации, но со самото користење на сајтот вие се согласувате дека нема да ги сметате vmro-dpmne.org.mk или Центарот за комуникација на ВМРО-ДПМНЕ за одговорни доколку таквите информации бидат украдени, ненамерно објавени или случајно изменети и дека нема да преземате било какви правни мерки или да барате оштета.
Вашите информации исто така се зачувуваат и со цел да овозможиме надзор и сигурност на нашите услуги и сервери, да спречиме измами и други сериозни оштетувања. На барање од правни субјекти или на органите кои вршат предистражна постапка, vmro-dpmne.org.mk може самоиницијативно да сподели информации кои мисли дека се потребни со цел помагање во истрага или значајно истражување но најчесто таквите активности ќе ги прави со претходно барање на судски налог.

Го задржуваме правото без никакво претходно известување да ја измениме полисата за приватност, но притоа се обврзуваме за секоја позначајна промена да ве известиме преку сајтот. Променетите услови стапуваат на сила по јавното известување.

Порталот и сите останати наши услуги не се наменети за лица под 18 години и секакво регистрирање на лица помали од 18 години не е препорачливо, а во одредени случаи е и законски забрането.