Нашата визија е обновата!

Програма

ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе излезе со обемна програма која ќе гарантира обнова во секој сегмент во општеството. Таа програма ќе ги задоволи вистинските потреби на граѓаните и нивното живеење. Во изработката учествуваат врвни експерти и аналитичари, како и самите граѓани. Воедно досега се објавени дел од мерките кои ќе ја опфатат обновата. Во продолжение еден сегмент од истите:

 

Обнова во економијата:

Се обврзуваме за обнова која ќе овозможи зголемување на просечна плата во државата за +25% за еден мандат. Тоа ќе значи повеќе пари за работниците или во просек за 6 500 денари повеќе од сега. Ќе се бориме жилаво за силен економски стадард за секој еден работник.

Се обрзуваме за обнова која ќе овозможи зголемување на просечната пензија на пензионерите за +20% во еден мандат или тоа ќе значи повеќе од 3000 денари повеќе за секој еден пензионер. Се обрзуваме во првите 100 дена Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ ќе го промени Законот за пензиско и инвалидско осигурување и согласно новото законско решение пензиите ќе се прилагодуваат во согласност со трошоците за живот но и со просечниот раст на нето платите. 

Се обврзуваме за обнова која ќе донесе Невработеност под 10% - едноцифрена невработеност.

Се обрзуваме за обнова која ќе донесе повеќе работа за младите, 0% персонален данок за млади до 29 години. Ова ќе значи ослободување од персонален данок за вработување на млади до 29 години кој имаат годишен приход до 6.5 илјади евра.

Ќе паѓаат даноците, а тоа значи повеќе пари за стопанството и граѓаните. Ќе воведеме Рамен данок  од 8%. Ќе стартуваме од 10%, од кој за 1% ќе имаме намалување во првите 100 дена, за две години ќе дојдеме на 8%.

Се обрзуваме за обнова која ќе донесе и индустриализација.

-           ќе понудиме конкретни мерки за поддршка на домашните компании во нивното технолошко и организациско унапредување;

-           ќе изградиме мрежа на извозни промотори за домашните извозни компании и промотори за привлекување на СДИ,

-           ќе ја реформираме МБПР во Македонско извозно развојна Банка која ќе обезбеди поволни кредити и извозна поддршка за домашните компании

-           ќе ја редефинираме програмата за странски инвестиции со цел привлекување на компании со најголем потенцијален бенифит за македонската економија.

 

Се обрзуваме на обнова која ќе донесе 4 милијарди евра домашни и странски инвестиции за 4 години.

Се обрзуваме за обнова која ќе донесе раст на БДП за повеќе од 4% годишно.

Се обрзуваме за обнова која ќе донесе Повеќе пари за бизнисот, помалку давачки и бирократија. Ова значи укинување или намалување на парафискални давачки за фирмите.  Во периодот 2021-2024 ќе бидат намалени следните давачки:

·         Трошоците за фискални апарати (каси) – ќе се намалат за 50%

·         Изработка на елаборат за безбедност и здравје при работа претставува законска обврска за секое правно лице. Износот на надоместокот нема да биде фиксно утврден со тарифник туку ќе се пресметува врз основа на градација за формите и содржините на истите соодветно потребите на компаниите.

·         Надоместокот за контрола на промет – ќе овозможиме да се намали 50%

·         Надоместоци за издавање службени документи – ќе овозможиме намалување од 50%, а некои ќе бидат и бесплатни.

·         Надоместоците согласно Законот за авторското право и сродните права... ќе се направи темелна анализа и ќе се намали минимум 50%

·         Ќе се намалат и бројни други давачки во согласност со барањата на бизнис заедницата.


Се обрзуваме за повеќе од 90% реализација
на планираните капитални државни инвестиции годишно.

Македонија да се искачи  во Топ10 на листата на Дуинг бизнис. Денес за жал сме 17ти.

Македонија да влезе во првата третина на листата на Светскиот економски форум Давос за најразвиени економии.

Македонија да влезе во првата четвртина на листата на Форбс. Сега сме на 68 место, од  161 земја.

 

Обнова во инфраструктурата:

Се обврзуваме на обнова која ќе донесе автопатско поврзување на Скопје со Битола, тоа ќе значи градба на нов автопат од Велес преку Прилеп до Битола. Ќе изградиме автопат по кој од Скопје до Битола ќе се патува за час и половина. Ова значи нова патна артерија, нов коридор односно ново автопатско поврзување од Велес, Чашка, Прилеп па се до Битола, кој е од стратешко значење за Пелагонискиот крај и еден милион граѓани. Воедно ќе го доизградиме сето она што е започнато т.е. автопатите кои што ги започна и предвиде Владата на ВМРО-ДПМНЕ, автопатот Кичево – Охрид и автопатот Скопје – Блаце.

Се обврзуваме за обнова која ќе донесе нов асфалт за регионални патишта во државата. Да нема неасфалтиран регионален пат, односно целосна реконструкција на повеќе од 1.000 километри регионални државни патишта. Ова значи за еден мандат ќе го замениме целиот дотраен асфалт на сите регионални патишта во земјава, односно до Берово, Дојран, Делчево, Пехчево, Пробиштип, Ресен, Дебар, Кичево, Македонски Брод и останатите градови ќе се вози низ целосно нов асфалт.

Се обврзуваме за обнова со која ќе донесе 2 милијарди евра за инвестиции во патишта. Овде пред се спаѓаат инвестициите и градбата на автопатиштата, експресните и регионалните патни правци. Значи за еден мандат инвестиција од минимум 2 милијарди евра што ќе биде значителна финансиска инекција за градежниот сектор.

Се обврзуваме на обнова која ќе значи изградба на 150 километри експресни патишта низ целата држава.

Се обврзуваме за  обнова која ќе значи изградба на нов експресен пат од Куманово до Крива Паланка. Ова ќе значи целосно поврзување со експресен пат, со широк и безбеден коловоз Куманово со Крива Паланка за посилен економски развој на овој дел од Македонија.

Се обврзуваме за обнова која ќе значи изградба на нов експресен пат од  Битола до Грчка граница, што ќе значи дека покрај тоа што од Скопје до Битола ќе имаме автопатско поврзување со градба на автопатот Велес – Прилеп – Битола, од Битола до Грчка граница ќе се вози по нов експресен пат.

Се обврзуваме на изградба на нов експресен пат од Струмица до границата со соседна Бугарија. Ова ќе биде особено важно за развојот на Струмица, Ново Село, Василево, Босилово и околината. Воедно се обврзуваме и завршување т.е. довршување на експресните патишта кои ги започна и за кои што проектирањето го заврши и го обезбеди финансирањето претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Односно доградба на експресниот пат Штип – Кочани, експресниот пат Штип – Радовиш и експресниот пат Градско –  Прилеп.

Се обврзуваме на обнова која ќе значи 300 милиони евра инвестиции во  изградба на нови водоводи и канализации низ целата земја со што многу населени места ќе добијат чиста вода за пиење и канализација за пристоен живот.

Се обврзуваме на обнова која ќе значи купување на 5 нови возови, за подобри услови во железничкиот сообраќај и сериозна модернизација на возниот парк.

Се обврзуваме на обнова која ќе обезбеди нови евтини авио летови до главнит европски аеродроми и поврзување со европските центри. Воедно ќе работиме и за обезбедување на за прв пат прекуокеански летови до САД за поевтина и полесна комуникација.

Се обврзуваме на обнова која ќе значи целосна дигитализација на Катастарот за нулта корупција. Ова ќе значи поедноставени процедури за граѓаните и борба против митото и корупцијата за добивање на услуги кои им следуваат на самите граѓани

 

 

Обнова во енергетиката:

Се обврзуваме на обнова која подразбира енергетска обнова на домовите на граѓаните. Односно овозможување секое семејство да дојде до нова фасада и оков на својот дом при што за инвестицијата половина ќе покрие државата, односно 50-тина проценти е на трошок на државата.

Се обврзуваме на обнова која ќе овозможи за граѓаните набавка на сончеви колектори за домаќинствата, при што 50-тина проценти од сумата ќе биде на трошок на државата.

Се обврзуваме на обнова која ќе донесе целосна гасификација на Македонија. Изградба на магистралниот  гасовод Неготино - Кавадарци – Битола т.е. доизградба како и доизградба на магистралниот гасовод Скопје - Тетово – Гостивар, кој што е започна и првиот и вториот проект и обезбедено финансирањето од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Понатаму изградба на магистралниот гасовод Штип - Радовиш- Струмица – Гевгелија. Изградба на магистралниот гасовод Гостивар – Кичево. Изградба на магистралниот гасовод Свети Николе – Велес. Изградба на магистралниот гасовод Битола - Ресен - Охрид – Струга. Поврзување на ТЕЦ Неготино на природен гас и напуштање на оној за прв пат во историјата познат термин енергетско земјоделски комбинат кој што ниту е енергетски, ниту е земјоделски и гледаме дека само претставува споменик на едно неуспешно време на владите на СДСМ. Изградба на делници за поврзување на Технолошко-индустриските развојни зони во Штип, Прилеп, Тетово, Радовиш, Струмица, Кичево, Струга, Гевгелија, како и Индустриската зона Жабени.

Се обврзуваме на обнова која ќе значи обезбедување на природен гас за секое домаќинство.

Се обврзуваме на обнова која ќе донесе на секое домаќинство бесплатен приклучок до гас.

Се обврзуваме на обнова која ќе донесе повеќе здравје, односно до 50-тина проценти почист воздух во првиот мандат од сега.

Се обврзуваме на обнова подразбира инвестиции во обновливи извори на енергија. Ветерен парк Миравци кој што ќе располага со ветерен потенцијал со вкупна инсталирана моќност и производство на електрична енергија од 300 GWh. Со што ќе бидат опфатени околу 6.000 домаќинства.

Се обврзуваме на обнова која ќе подразбира целосна гасификација на медицинските центри во буквална смисла на зборот. Кои сега се големи загадувачи. Пред се ова подразбира гасификација на Клинички Центар во Скопје и болниците во Гостивар, Тетово, Прилеп, Битола и Куманово.

Се обврзуваме на обнова која подразбира целосна модернизација на РЕК Битола.

Се обврзуваме за обнова која што подразбира нова термоелектрична централа во Пијанец и Малешевијата според високи еколошки стандарди што ќе биде од стратешко значење за Источна Македонија. Ова подразбира 1000 силно платени нови вработувања за Делчево, Пехчево, Македонска Каменица и Берово, и останатите места се разбира.

Се обврзуваме на обнова која подразбира основање на ново министерство за енергетика и минерални суровини кое ќе се фокусира кон проблематиката на енергетиката како клучна област за стратешки развој за државата.

Се обврзуваме да вршиме издавање зелени државни обврзници за повеќе зелени проекти.

 

 

Обнова во културата и образованието:

Затоа како прво се обврзуваме на обнова која ќе опфати изградба на нови 20 и реконструкција на најмалку 50 училишта во Република Македонија. Повеќе училишта за подобри услови и поквалитетно образование.

Новите 20 училишта и реконструкцијата на минимум 50 постојни ширум државата ќе значи пристојни услови за работа и инвестирање во идните генерации. Голем дел од постојните училишта функционираат во супстандардни услови и тоа мора најскоро да се промени веднаш по формирањето на новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Се обврзуваме на обнова која ќе донесе поголеми примања за Универзитескиот наставен кадар. И тоа воспоставување на методологија со која ќе обезбеди и ќе ги зголеми примањата на наставно образовниот кадар на универзитетите.

И тоа до 100.000 денари за редовните универзитетски професори, до 80.000 денари за вонредните професори, до 60.000 денари за доцентите и до 45 илјади плата за асисистентите на факултетите. Ова значи 2.5 пати повеќе од тоа што денеска го обезбедува државата.

Ќе повторам, ќе дефинираме методологија според која редовните професори на универзитетите ќе имаат можност да дојдат до месечни примања од 100.000 денари загарантирани од државата. Вонредните 80.000, доцентите 60.000 и асистентите 45.000 денари.

Се обврзуваме на обнова која ќе значи поголеми плати за професорите во основното и средното образование. Тоа подразбира доследно почитување на Колективниот договор. Доследно почитување на Колективниот договор и повисоки плати на наставно образовниот кадар во основното и средното образование.

Се обврзуваме на обнова која ќе опфати средно стручно образование во функција на стопанството, односно дуално средно образование. Ќе пристапиме кон проширување на дуалниот систем на стручното образование по принципот учење преку работа на реално работно место, кој ќе развие и стручни компетенции и вештини за адаптирање во работниот однос. Ваквата реформа ќе овозможи брзо вработување на стручниот кадар во компаниите во Македонија, со соодветно вреднување на трудот на работниците и се разбира ќе го намали иселувањето на млади луѓе од наша земја.

Се обврзуваме на обнова која ќе овозможи најмалку еден Универзитет во првите 1.000 според Шангајската листа за квалитет. Денес нема Универзитет од Македонија кој е меѓу 1.000 најдобри во светот.

Се обврзуваме на обнова која ќе донесе зголемување на инвестициите во образованието од 3.7% на 5% од БДП што ќе значи повеќе пари во образованието. Со оглед дека состојбата на образованието е незадоволителна, неопходно е за оваа област, која е темел и столб на нашата иднина да се одвојат повеќе средства од буџетот.

Се обврзуваме на обнова која ќе донесе намалување на ДДВ од 18 на 5% во културата. Ова ќе значи повеќе заштеда за граѓаните и повеќе достапна култура. Ова ќе се однесува за уметнички дела, за организирање на културни настани – продажба на билети, за изнајмување на простор, за организирање на културни настани во институциите од културата, а ќе придонесе и за стимулација на самоодржливоста на институциите.

 

Се обврзуваме на обнова која ќе опфати изградба на нови театри во Прилеп, Охрид и Скопје. Конечно Прилеп и Охрид ќе добијат комплетно нови театарски згради, а Скопје уште една нова современа зграда за театар.

 

Се обврзуваме на обнова која ќе опфати реконструкција на зградата Музеј на Македонија согласно современите архитектонски стандарди. Повторувам согласно современите архитектонски стандарди.

Се обврзуваме на обнова која ќе значи капитален проект за Дигитализација на културното и уметничкото наследство, а воедно истото да го сочуваме од заборавот на времето кое ќе стане подостапно за јавноста.

Се обврзуваме на обнова која ќе опфати Инвестиција во македонски брендови и креативни индустрии.

Се обврзуваме на обнова која ќе овозможи Делегиран буџет за културните установи. Ова подразбира сигурност во финансирањето на проекти во културата, но и мотивација за награда за најуспешните.

Се обврзуваме на обнова која ќе значи Унапредување на македонскиот јазик како наше идентитетско обележје.

Се обврзуваме на обнова која ќе овозможи стимулирање на бизнис секторот да инвестира во културата. За таа цел ќе направиме измени во постојниот закон со кој ќе се овозможи повеќе инвестиции на стопанството во сферата на културата, олеснувања кои ќе овозможат поттикнување на бизнисот да насочува повеќе средства во развојни проекти во културата.

 

Обнова во здравството:

Се обврзуваме  на обнова која ќе значи изградба на капитален проект за воспоставување на национална мрежа на 4 нови клинички центри што ќе подразбира нов квалитет во македонското здравство. За прв пат досега интегриран систем од 4 клинички центри и тоа:

  • Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“.
  • Универзитетскиот Клинички Центар „8 септември“, кој што практично планираме да го трансформираме во Клинички Центар кој е планирано да работи под административна капа на Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“.
  • Воспоставување на Универзитетска клиничка болница Штип што ќе опфати подигнување на нивото на сегашната болница.
  • Воспоставување на Универзитетска клиничка болница Тетово.

 

Со ваквите 4 центри здравството ќе стане подостапно за граѓаните и ќе се спасат повеќе животи.

Се обврзуваме на обнова која ќе опфати реконструкција на болниците во Велес, Кичево, Струмица, Струга и Битола. Со тоа ќе овозможиме квалитетни услуги и поголемо достоинство на луѓето со загрозено здравје.

Се обврзуваме на обнова која ќе опфати реконструкција и модернизација на Универзитетска клиника за Хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје, односно Градската Болница. Така што Скопје ќе добие современа болница каква што заслужува.

Се обврзуваме на обнова која ќе значи воспоставување на модерен вистински ургентен траума центар. Поради растот на популацијата во Скопје и драстично зголемениот број на сообраќајни повреди и потребата од брзо, благовремено и адекватно реагирање, предвидуваме нов модерен ургентен траума центар.

Се обврзуваме на обнова со која ќе обезбедиме за 20% повисоки плати во здравството за сите. Мора да имаме задоволни вработени во здравствениот систем кој ќе ја градат иднината тука во државата. Затоа предвидуваме линеарно во еден четиригодишен мандат континуиран раст од вкупно 20% на платите на лекарите, стоматолозите, средниот медицински персонал и техничкиот и административниот персонал.

Истовремено се обврзуваме да веднаш во првите 100 дена да интервенираме во законот, каде што ќе се овозможи на медицинскиот персонал, лекарите, техничкиот персонал заедно со лекарите да можат покрај услугите кои што ќе ги даваат во државното здравство, да даваат услуги и во приватното здравство. И обратен процес, да може лекарите кои што даваат услуги во приватното здравство да можат да даваат услуги во државното здравство.

Се обврзуваме на обнова со која што ќе овозможиме утврдување на достоинствена гарантирана плата за специјализанти и платени дежурства. Со тоа ќе го заштитиме нивниот стандард, но и воедно ќе ги поттикнеме истите тие да се развиваат. Оние кои преставуваат иднина на македонското здравство мора да ги направиме да бидат задоволни и да имаат платен труд.

Се обврзуваме на обнова која ќе значи ревидирање на позитивната листа, повеќе бесплатни лекови за ранливите групи. Ќе се ревидира листата на лекови, што ќе значи повеќе бесплатни лекарства за оние на кои тие им се најпотребни.

Се обврзуваме на обнова со која ќе воведеме здравство без хартија, укинување на рецептите и услуги само со лична карта. Ова подразбира Целосна дигитализација на рецепти, упати, извештаи и резултати. Дигитализација на радиолошките единици, нивно поврзување во единствен центар за да се скратат процедурите и да им се олесни пристапот до здравствениот систем на граѓаните. Системот ќе биде дигитализиран во сите делови, од подигнување електронски рецепти кај матичниот лекар, до добивање медицински извештаи. Електронски издадената рецепта од лекарот, ќе може да се подигне во било која аптека со документ за лична идентификација од страна на пациентот или негов близок.

Се обврзуваме на обнова која ќе значи зајакнување на дежурните служби и итна медицинска помош, ова значи дека ќе работиме на поголема достапност во текот на 24 часа на здравствените услуги за граѓаните.

Се обврзуваме на обнова која ќе значи ослободување од административни процедури на матичните лекари. Освен тоа што предвидуваме континуиран раст и на вредносната капитација кај матичните лекари, ќе воведеме и електронско работење и ослободување од десетици административни процедури кои сега им одземаат време и пари на матичните лекари.

Се обврзуваме на обнова преку која ќе изградиме Здравство ориентирано кон пациентите. Затоа ќе донесеме Национална здравствена стратегија заснована на следните постулати: Зајакнување на јавното здравство – заради тоа што лекарите и здравствените работници треба да останат во Македонија и тука во јавното здравство; Зајакнување на примарното здравство, стоматологијата и превентивата; Оптимизација на здравствениот систем, ориентиран кон бенефит за пациентот; и конечно Нулта корупција во здравството, која што ќе опфати како заклучок Интегрирање и функционално реорганизирање на здравствените единици.