Александар Шуковски

 

Александар Шуковски е член на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 година, средно образование завршил во Средното општинско техничко училиште ,,Ѓорги Наумов" - Битола, а е апсолвент на Универзитетот за ,,Туризам и менаџмент" - Скопје насока Економски факултет. Шуковски од 2010 година е избран за член на ОК на УМС ВМРО-ДПМНЕ Ресен, а во 2014 година станува Претседател на УМС ВМРО-ДПМНЕ при ОК Ресен, во сите изборни циклуси е член на ОИШ во Ресен.

Во 2017 година на локалните избори е избран за член на советот на Општина Ресен. Шуковски има посетено повеќе како меѓународни така и домашни обуки и семинари во организација на  ЕУ,  ЈНЅ Шведска, Konrad Adenauer Stiftung, Мотива и други. Шуковски е избран за член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во февруари 2019 година.