Александар Велјановски е член на ВМРО – ДПМНЕ од 2005 година. Велјановски е дипломиран правник со положен правосуден испит и е магистер на Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.
Велјановски е избран за Потпретседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово во 2015 година, функција која ја извршува до 2017 година. На локалните избори во 2017 е носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, избори на кои е избран и за советник во Советот на Општина Тетово.
Во 2017 година Велјановски е избран за претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово, функцијата ја извршува до 2018 година кога е именуван за член на Извршниот комитет на партијата. На последните предвремени парламентарни избори Велјановски е кандидат за пратеник во собранието на Република Македонија во изборна единица 6