Работнoто искуство го стекнува во Управата за јавни приходи. Паралелно со тоа во два изборни циклуси е избран советник во Советот на Општина Прилеп, каде своевремено е и претседател на Комисијата за финансирање и буџет.
На функцијата Државен секретар во Министерството за внатрешни работи е назначена во 2014 година. Додека е на оваа позиција е и Национален координатор за борба против трговија со луѓе и илегална миграција.
За време на мигрантската криза е назначена за Национална контакт точка за Европска Унија од Македонија за Европската мигрантската криза во периодот на 2015 и 2016 година и активно вклучена во имплементација на програмата од Европска Унија –Специјални мерки за поддршка на Македонија за управување со границите.
Во текот на 2016/2017 ја извршува функцијата Директор на Управата за јавни приходи.
Во периодот од 2017 до 2019 година Анастасија Илиеска е советник за прашања од областа на одбраната и безбедноста на Претседателот на Република Македонија професор д-р Ѓорге Иванов.
Од 2001 година е член на Општинскиот комитет Прилеп.
Од 2009 член на Централниот комитет на партијата и член на Извршениот комитет на Унија на жени. Во период од 2015-2017 година е на позиција Генерален секретар на Унијата на жени.
Во континуитет член на централната комисија за финансии и буџет. Таа говори англиски и српски јазик.