Ане Лашкоска е родена на 24.02.1978 година во Прилеп. Средно образование завршува во Прилеп во гимназијата „Мирче Ацев“. Лашкоска е дипломиран инжинер по хемија, дипломира на Природно – математички факултет во Скопје на Институт по хемија.
Магистер е по маркетинг -менаџмент. Член на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. Член на ИК на УЖ на ВМРО – ДПМНЕ во период од 2009 до 2011 година и 2014 до 2017 година. Лашкоска од 2017 година е избрана за Член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Пратеник е во Собранието на Р. Македонија во период од 2011 – 2014, 2014 – 2016 и повторно е избрана за пратеник на изборите во 2016 година