Никола Мицевски е роден во Штип. По професија е дипломиран земјоделски инженер на Земјоделскиот факултет при УКИМ Скопје. Мицевски е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ од 1991 година. Од 2012 година до 2015 година е претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Штип. Член е на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од 2014 година.
Мицевски бил носител на листа на локалните избори во 2013 година. За пратеник во Собранието на Република Македонија е избран од 2014 до 2016 година и од 2016 до 2020 година, каде што во 2018 година Мицевски е назначен и за координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Мицевски е организационен секретар на ВМРО-ДПМНЕ од 2018 година. Членувал во повеќе партиски комисии