Билјана Јанева е избрана за член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во февруари 2019 година.
Јанева е родена во Штип, средно образование завршила во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ во Штип.
Дипломира на правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, на насока политички студии, модул – применета политика и политички систем.
Во 2018 година е избрана за претседател на Републичката комисија за Ораторство и односи со јавност на УМС.
Од 2014 е член на ОК УМС на ВМРО – ДПМНЕ во Штип.
Во 2018 година Јанева е избрана за потпретседател на Клубот на Оратори – Forum Oratores при Правниот факултет Јустинијан Први.
Јанева има учествувано на летна школа Religion, Ethnicity and Nationalism (2015) организирана од Konrad- Adenauer -Stiftung (KAS), на Златиборска правна школа (2017), Школа за млади политичари организирана од Охрид Институт, како и многубројни обуки за јакнење на капацитетите на млади лидери и обуки за јавно роворење и реторички вештини.