Дајанчо Ефтимов

Дајанчо Ефтимов е дипломиран правник со положен правосуден испит. Досегашното работно искуство го стекнува како правник, а подоцна и како раководител во Јавната Установа Меѓуопштински Центар за социјални работи во Струмица.

Од 2007 до 2011 година е избран за претседател на УМС ОК ВМРО-ДПМНЕ Василево, а во период од 2011 до 2016 година е избран за Претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Василево.  

Ефтимов од 2009 година е советник од редовите на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Василево, а од февруари 2015 година е и Претседател на Советот на Општина Василево.

Тој воедно е и Претседател на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Василево. Ефтимов беше пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ. Во моментот е член и на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ