Димитар Манчев е член на ВМРО-ДПМНЕ од 2011 година, средно образование завршил во ОСУ ,,Св. Климент Охридски“ во Охрид, а дипломирал на Факутлетот за безбедност во Скопје при универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ Битола. Во февруари 2014 година е избран за член на Републичката политиколошка комисија.
Во 2014 година станува член на општинскиот комитет на УМС во Охрид и паралелно работи со комисијата за студенти. Од октомври месец 2016 година е член на Централниот Комитет на УМС. За време на локалните избори 2017 и е дел од ОИШ, како и кандидат за советник во Советот на Општина Охрид. Манчев има посетено повеќе семинари и меѓународни обуки организирани од организации како што се Конрад Аденауер, ИСЛАА , Охрид Институт. Тој е избран за член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ на 16.04.2018