Eлена Орцева е член на ВМРО-ДПМНЕ од 2011 година. Средно образование завршила во гимназијата СОУ „Јане Сандански “во Струмица, а дипломира на Правниот факултет Универзитет „Гоце Делчев” во Штип – Кривично право. Моментално е на постдипломски студии на истиот смер. Орцева во 2012/2013 година е избрана за член на ОК УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица.
Притоа во истиот мандат беше и координатор на средношколската а потоа и студентската унија.Од 2014 година со резбор на претседател на ОК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица е назначена за секретар. Член е на ОИШ Струмица за време на локалните избори 2013,парламентарните избори во 2014 година и локални избори во 2017. Таа одлично зборува англиски, француски,италијански јазик. Има посетено неколку меѓународни обуки и семинари во организација на USAID, OSCE, фондација Конрад Аденауери и други.
Посебно се издвојува во делот на ораторството каде како истакнат оратор има учествувано на многубројни ораторски средби со многу награди. Избрана е за член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од 16.04.2018 година.