Член на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО- ДПМНЕ од 2018 година со долгогодишно партиско искуство во областа на правото, финансиите и надворешните работи.
Членува и во Комисијата за надворешни работи и евроатлански интеграции.
Од 2010-2013 година била член и на Извршниот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО- ДПМНЕ, а била активна и во повеќе партиски комисии и координативни тела.
Во периодот од 2013-2017 година ја извршувала функцијата Генерален конзул на Република Македонија во Детроит, САД.
Дипломиран правник, магистер по финансии и финансово право и бизнис специјалист.
Добитник на бројни меѓународни награди и признанија за бизнис лидерство и дипломатија.
Зборува англиски и германски јазик.