Елизабета Тодоровска

Родена во Скопје,  по професија е дипломиран правник, со положен правосуден испит. Зборува англиски јазик.

Член на ИК на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ од 2018 година. Потпретседател на Унијата на жени при ОК Аеродром.

Во периодот од 2009 до 2016 година е еден од трите Потпретседатели на централната Комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ.

Во периодот од 2000-2004 година член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и Претседател на Комисијата за правни работи при УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Државен секретар во Министерството за образование и наука во периодот од 2009 до 2017 година.