Трајковска е претседател на Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ ОК КУМАНОВО од 2014 до 2019 година.
Член на ИК на Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ од 2016 до денес.
Пратеник во Собранието на Република Македонија од 2020 година.
Советник во Совет на општина Куманово од 2017 до 2020 година.
По професија дипломиран правник со запишани постдипломски студии МБА Менаџмент на Економскиот факултет во Скопје.
Вработена во Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија 2012 до јануари 2020 година.
Член на ОК КУМАНОВО од 2014 година до денес, поранешен претседател на УМС на МК од Куманово, потпретседател на ОИШ КУМАНОВО 2016 година.
Говори англиски и шпански јазик.