Филип Ѓорѓиев е член на ВМРО-ДПМНЕ од 2012 година.Тој е апсолвент е на Правниот факултет “Јустинијан I” во Скопје- насока правни студии. Средно образование завршил во гимназија “Никола Карев”.
Во февруари 2016 тата година, за прв пат беше избран за член на Извршниот комитет на УМС, на ВМРО ДПМНЕ, и истата година беше назначен за ко-координатор на работна група “Policies for Europe” при European Democrat Students (EDS).
Во април 2018 година беше реизбран за член на Извршниот комитет на УМС на ВМРО – ДПМНЕ и именуван за Потпретседател на Унијата на Млади Сили. На локалните избори во октомври, 2017 година, беше и кандидат за советник во Град Скопје.