Член на Извршен комитет на Унија на жени од јануари 2018 година. Актуелен советник во Советот на Општина Штип.
Потпретседател на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Штип од 2017 г. до денес
Член на Централната комисија за образование и наука на ВМРО ДПМНЕ во повеќе состави.
Член е на партијата од 2006 г. и најголем дел од својот ангажман го поминува во општинскиот Центар за комуникации.
По професија е доктор по економски науки од областа на претприемништвото и од 2007 година работи на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. Активно зборува англиски јазик.