Игор Николов е доцент на медицинскиот факултет во Скопје на Универзитетската Клиника за нефрологија. Николов е стипендист на француското здружение на нефролози.
Николов својата субспецијализација по нефрологија ја завршува на Универзитетот Париз. Николов е член на ВМРО-ДПМНЕ од 1998 година, тој е Копретседател на Комисијата за здравство на партијата од 2017 година.
Тој е и член на ИО на Лекарската Комора на Македонија од 2013 до 2017 година. Во 2016 година е именуван за шеф на економска мисија на Инвест Македонија во Париз. Николов има сертификат за одлично познавање на француски и англиски јазик, додека добро познавање има и од руски јазик.