Искра Крстевска

Искра Крстевска е член на ВМРО-ДПМНЕ од 2008 година, средно образование завршила во средното економско и правно училиште „Арсени Јовков“ во Скопје, а дипломира на економскиот факултет на УТМС во Скопје.

Од месец  декември 2015 година работи во Јавната Здравствена Установа Геронтолошки Завод „13-ти Ноември“ – Скопје. Во 2016 година е назначена за секретар на ОК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Чаир.

Од 2017 година ја врши функцијата потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Чаир. Член е на ОИШ Чаир за време на парламентарните избори во 2016 година и локалните избори во 2017 година. Таа одлично зборува англиски и српски јазик. Крстевска е избрана за член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ на 16.04.2018 година.