Јован Јаулески

Јован Јаулески роден во Струга, средно образование завршил општа гимназија. Дипломира на Правниот факултет „Јустинијан први” во Скопје на насока правни студии, магистрира на иститот факултет на правни студии отсек финансии и финансово право. Положил правосуден испит.Јаулески е избран за член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во 2013 година и функција на која останува  до 2017 година.


Во август 2017 година е избран за потпретседател на УМС  на ВМРО-ДПМНЕ функција која  ја  извршува до  март 2018 година. На Валандовскиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ одржан на 23 и 24 декември е избран од страна на Конгресот за член на Статутарната комисија на ВМРО-ДПМНЕ. Во април 2018 година е избран за генерален секретар на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Краток период ја обавува функцијата
В.Д Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.  Претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од 24 јануари 2019 година. На последните предвремени парламентарни избори 2020 година Јаулески е кандидат за пратеник во изборна единица 5