Мартина Цветаноска

 Мартина Цветаноска е член на ВМРО-ДПМНЕ од 2012 година, средно образование завршила во гимназијата „Јосип Броз Тито“, а дипломирала на приватниот универзитет Американ Колеџ-Скопје, насока меѓународни односи и дипломатија со просек 10.

Цветаноска во 2018 година магистрира на престижниот универзитет Џеџианг во НР Кина насока меѓународни односи. Таа одлично зборува англиски јазик и има познавање од шпански и кинески јазик. Цветаноска е избрана за член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од  Февруари 2019 година.