Петар Миовски е член на ВМРО-ДПМНЕ од 2010 година. Средно образование завршил во „Боро Петрушевски – АСУЦ“ во Скопје, а студира на УТМСМ во насока на менаџмент на човечки ресурси. Миовски во 2011 година е избран за потпретседател на УМС на МК „Населба Лисиче“, додека во 2012 е назначен за кординатор на средношколската комисија при УМС ОК Аеродром.
Во 2014 година е назначен за Претседател на УМС на ОК Аеродром, а во исто време е назначен и за член на ОК Аеродром. Од 2017 година на локалните избори е избран за советник во Советот на Општина Аеродром. Тој зборува добро англиски јазик. Миовски има посетено неколку меѓународни обуки и семинари во организација на ЕУ, Конрад Аденауер и ОБСЕ. Миовски е избран за член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ на 16.04.2018 година.