Сергеј Попов е член на ВМРО-ДПМНЕ од 2012 година. Има завршено средно образование во гимназијата „Јосип Броз – Тито“ во Скопје, а моментално е студент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, на насоката правни студии.
Во почетокот на 2013 година, Попов е член на ОК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Центар, а во ноември истата година е избран за член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Во февруари 2016 година повторно е избран за член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
На локалните избори на 15-ти октомври 2017 година е избран за член на советот на Општина Центар, а од април 2018 година повторно е избран за член на ИК на УМС на ВМРО – ДПМНЕ како Организационен секретар на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Има одлично познавање на англиски јазик. Попов има посетено и голем број на регионални и интернационални обуки и семинари во организација на Konrad Adenauer Stiftung, Jarl Hjalmarson, Motiva, Fridrich Ebert Stiftung и Ohrid Institute. Исто така има учествувано и во работата на неколку конгреси на меѓународни политички подмладоци како YEPP и EDS.