Член на Извршниот комитет на УЖ на ВМРО ДПМНЕ, од 2017 година.
По професија е дипломиран дефектолог и магистер по специјална едукација и рехабилитација од областа на интелектуална попреченост и аутизам.
Работи како советник во Биро за развој на образованието при Министерство за образование и наука.
Трпевска е член на ВМРО ДПМНЕ од 2002 година. Пет години е претседател на МК на УЖ и од 2011- 2014 година е потпретседател и претседател на УЖ на ОК Центар.
Од 2012 до 2017 година е член на ОК Центар и претседател на Комисијата за образование на ОК Центар, од 2010 до 2012 година.
Во период од 2013 до 2017 година, Трпевска е член на Советот на општина Центар, од 2016 до 2018 година е потсекретар во секретаријатот на УЖ на ВМРО ДПМНЕ и претседател на Комисија за образование на УЖ на ВМРО ДПМНЕ.
Од 2019 година е член на Комисијата за образование на ВМРО ДПМНЕ.