Интегрален текст од прес конференција на Рашела Мизрахи, министер за труд и социјална политика
Почитувани новинари, почитувани граѓани,
Сиромаштијата во Македонија секојдневно вртоглаво расте. Сликата која ја гледаме низ македонските улици е реалноста која ја живеат граѓаните на оваа држава.
Деца питачи, злоупотреба на детската заштита, руинирани градинки, злоупотреба на социјалната помош, хаос во домашната нега, мобинг во јавната администрација. Тоа е фактичката состојба за животот во Македонија.
Нема економска година и прав пат како што ветија, но има лицемерни тендери два дена пред техничка влада и партиски вработувања.
На ова МОРА да се стави крај!
Министерствата се на граѓаните, а не на партиските центри.
Од овој момент натаму, празните зборови се минато. Јас не можам да направам промена на светот за три месеци, но ќе се потрудам она што е мој домен да не наликува на изминатите три години.
Ние можеме и имаме ресурси за функционираме подобро.
Имам сознанија дека се заглавени дури 8500 предмети за нега на трето лице, меѓу народот познато како „туѓа нега“. Ве молам туѓа нега е навистина непристоен назив.
На овој проблем, посебно ќе се ангажирам периодот. Нашите информации велат дека постојат сомневања за злоупотреби и неосновано одземање на истата од граѓаните на кои им е најмногу потребна.
На таквите поплаки и реакции мора да се одговори. Ќе биде темелно прочешлано на кој начин и како се дадени согласностите за нега на трето лице, но и на кој начин се одземани и не се доделувани овие права. 8500 заглавени предмети укажува на тоа дека системот не функционира, дека има луѓе на кои им е потребна помош во овој момент, а не ја добиваат.
Во јавноста се прави и манопулација со опфатот на деца во предучилишно образованое. Беше кажано дека до 50 проценти ќе се зголеми опфатот на деца од предучилишно образование. А пред некој ден, беше изнесено дека дури и 100 % зголемување на таа иста бројка. Не само што не стигна до 100 проценти, туку реалните бројки се далеку помали.
Ова е само незначителен дел од неработењето на ова министерство за проблеми. Заради тоа, на моја иницијатива ќе се формира Комисија која ќе направи ревизија на сработените работи и ќе ги утврди сите неправилности кои се направени изминатиот период.
Од Министерство на проблеми, мора да станеме Министерство за решенија. И конечно би ве замолила идеолошките разлики мора да престанат да бидат причина за омраза и оцрнување. Да се престане со обиди за подбуцнување на граѓаните преку имагинарни проблеми, имаме реални проблеми за решавање.
Тимот на ова министерство се и секогаш ќе бидат граѓаните на Република Македонија.