Соопштенија

СДСМ во недостиг на проекти сега се фали со лажни бројки и податоци

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

СДСМ во недостиг на проекти сега се фали со лажни бројки и податоци.

Заев се фали со реализација на капитални проекти во време кога неговата влада бележи енормен пад во капитални инвестиции.

Смешно е СДСМ да се фали со гасификација кога ниедно домаќинство се нема приклучено на гас. Вистината е дека моменталните работи кои се изведуваат се проекти започнати уште 2016-та од страна на ВМРО-ДПМНЕ и тие одамна требаше да се завршени. Еден нов проект не започнале СДСМ во гасификацијата.

Без срам СДСМ се фали со реализација на железници со 82% успешност, а возови излетуваат од шини. Поради неспособноста на СДСМ оваа 2020 се укина линијата Скопје – Велес – Скопје, се укина и линијата Скопје – Битола – Скопје.

Говори СДСМ за успеси во инфраструктура, а од ветените 550 километри ветени автопатишта уште нема траг.

Во програмата на СДСМ имаат ветено 31 станбен објект од кои 17 станбени објекти беа завршени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а во моментов се работи на само 4 станбени објекти.

Владата на Заев само сервира лаги, но нивното време помина. На 12-ти април доаѓа време на обнова на Република Македонија, време на реални проекти.

 

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ