Владимир Нелоски е дипломиран економист и магистер на Правниот факултет во Скопје. Нелоски членувал во неколку Комисии на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Во период од 2010 до 2011 година е член на комисијата за спорт, а во ист период е и член на Градскиот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ станува во 2011 година, функција која ја извршува до 2013 година, кога е избран за претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, функција која ја извршува до 2018 година.